Здраво Добродојдовте на мојот блог Овде ке обработуваме информации и теми од областа на информатиката за 7 одделение. Онлајн живеење Што е интернет? -Интернет е најпознатата светска мрежа составена од милиони компјутери низ целиот свет, кои мегусебно се поврзани на најразлични начини, со цел мегусебно да комуницираат и да разменуваат информации. Што е блог? -Блог или веб-дневник претставува локација на Интернет во форма на електронски весник во кој содржините се прикажуваат по обратен временски редослед . Што е блогер ? -Блогер е авторот на веб-дневникот,односно блогот. Што е блогирање? -Блогирањето е процес на креирање , уредување коментирање и одржување на блогот. Што е дигитален отпечаток? -Дигитален отпечаток претставува трага која ја оставаме по примена на различните сервиси на интернет.